Почина руски новинар ранет во украинскиот напад

Сподели со своите пријатели

Руски новинар, повреден во украински напад во областа Запорожје, почина од повредите, јавија денеска руските медиуми.

Loading...

„Борис Максудов почина од повредите“, изјави водителот на прорежимскиот канал Соловиев.

Веста беше објавена во моментот кога водителката во живо разговараше со портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која изрази сочувство.

Москва вчера го обвини Киев дека е одговорен за нападот со беспилотно летало, чија цел била група руски новинари.

Борис Максудов беше дописник на телевизискиот канал Русија 24.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин