Две лица се полесно повредени и примени се во Општата болница – Куманово откако локомотива удрила во патничко моторно возило – комбе во кумановското село Лопате, соопштија денеска од ЦУК.
Несреќата се случила завчера, во село Лопате кај железничкиот премин.
– Несреќата се случила во 5:50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Оштетено е само комбито, додека материјална штета на пругата нема, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од Општа болница денеска потврдија дека двете лица се повредени.
– Двете лица се полесно повредени и се хоспитализирани, изјави директорката на болницата Биљана Ивановска.
Железничкиот сообраќај бил нормализиран во 9.45 часот и функционира редовно и без застој.
МИА