Авиони со пациенти од рак од Газа пристигнаа во Турција

Сподели со своите пријатели

Два авиони со болни од рак и нивните придружници евакуирани од Газа пристигнаа во Турција.

Loading...

Авионите кои полетаа од египетскиот аеродром Ал Ариш, слетаа синоќа на аеродромот „Есенбога“ во Анкара.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа се врати во Анкара од Египет заедно со пациентите, по бројните средби што ги одржа во Египет со цел да се обезбеди медицинска помош за Газа и да се префрлат пациентите и повредените во Турција.

Пациентите, кои беа евакуирани од Газа, прво беа донесени на аеродромот Ал-Ариш со амбулантно возило, а потоа сместени во авионите на кабинетот на турскиот претседател и Министерството за одбрана, по што полетаа за Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: ЕУ мора да изврши притисок врз Израел поради војната во Газа

Авионите со пациенти во турскиот главен град Анкара ги пречекаа медицински екипи.

Лекувањето на пациентите ќе продолжи во градската болница Билкент, јавува Анадолија.