Најмалку 19 лица загинаа во пожар во деловна зграда на компанија Јонгју во северната кинеска провинција Шанкси, јавија кинеските државни медиуми.
Loading...
Пожарот избувнал утринава во 06:50 часот по локално време во четирикатната административна зграда на најголемата фабрика за производство на јаглен во Шанкси, јавува Ројтерс.
Кинеската државна телевизија јави дека најмалку 51 лице е повредено во пожарот, наведува британската агенција.
Причината за пожарот се уште е под истрага.
Eleven people have lost their lives + another 51 have been hospitalised after a fire in Shanxi Province #China 🇨🇳 – state media pic.twitter.com/hzmJmXTIca
— 𝙰𝚒 𝙽𝚎𝚠𝚜 𝚁𝚎𝚙𝚘𝚛𝚝 (@AiNewsRep) November 16, 2023