Тешко повреден 38-годишен пешак од Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец бил тешко повреден откако во него удрил автомобил со охридски регистарски ознаки.

Loading...

– На 13.11.2023 во 14.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Кидрич“ и излез од паркинг простор во Куманово, патничко моторно возило „јагуар“ со охридски регистарски ознаки удрило во М.И.(38) од Куманово, по што М.И. го напуштил местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што појаснуваат од полицијата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец физички ја нападнал својата сопруга

Никола Ивановски