Американскиот претседател Џозеф Бајден побара од Израел да ја заштити главната болница во Газа, до која се водат жестоки борби меѓу израелските сили и Хамас.
„Се надевам и очекувам помалку инвазивни акции во однос на болницата. Болницата мора да биде заштитена“, рече американскиот претседател во Белата куќа, одговарајќи на новинарско прашање дали разговарал за тоа со израелските лидери.
Судирите во близина на болницата поттикнаа илјадници луѓе кои побараа засолниште таму за да избегаат од војната, но стотици пациенти и други раселени лица останаа внатре, соопштија денеска здравствените власти, пренесе АП.
Главната болница Шифа три дена е без струја и вода и повеќе не функционира како здравствена установа.
Пукањето и бомбардирањето во близина на болницата ја направија ситуацијата уште потешка.