ОН: „Населението во Газа е опколено. Ова мора да престане”

Сподели со своите пријатели

Водачите на неколку големи тела на Обединетите нации во понеделникот заеднички повикаа на хуманитарен прекин на огнот во Газа, додека Израел ги засилува нападите во речиси едномесечниот конфликт.

Loading...

Меѓу 18-те потписници се Волкер Турк, високиот комесар на ОН за човекови права, шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус и шефот на хуманитарната помош на ОН, Мартин Грифитс.

– Целото население беше опколено и нападнато, им беше оневозможен пристап до основни работи за да преживеат, беа бомбардирани во нивните домови, засолништа, болници и места за богослужба. Ова е неприфатливо – се вели во заедничкото соопштение.

– Потребен ни е итен хуманитарен прекин на огнот. Поминаа 30 дена. Доволно. Ова мора да престане сега – порачаа тие.

Грифитс во петокот повика на хуманитарна „пауза“ во израелското бомбардирање на густо населената палестинска енклава за да помогне во испораката на помош, која е далеку под нивото од пред конфликтот.

Палестинскиот пратеник во Обединетите нации Ријад Мансур одговори дека Грифитс треба да повика на целосен прекин на огнот.

– Треба јасно и гласно, во согласност со меѓународното хуманитарно право, да кажете дека е потребен прекин на огнот – рече Мансур.

– Треба да се спасат животи, потребен е итен прекин на сите овие непријателства. Тоа го очекувам од вас – рече тој.

Loading...

Израел го отфрли зголемениот меѓународен притисок за прекин на огнот, велејќи дека нема да има такво нешто додека не се ослободат заложниците земени од милитантите на Хамас за време на дивеењето во јужен Израел на 7 октомври.