Работник тешко повреден во фабрика во Младо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишен работник се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во фабрика во селото Младо Нагоричане.

Loading...

– На 28.10.2023 во 16.18 часот во СВР Куманово било пријавено дека со тешки телесни повреди во Ургентен центар Куманово бил донесен Љ.С.(52) од с.Младо Нагоричане, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во село Младо Нагоричане.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и трудов инспектор.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги осуди инцидентите од прославата на Денот на албанското знаме