Маж бил агресивен и се заканувал на сопгругата, полицијата го приведе

Сподели со своите пријатели

Педесет и тригодишен жител на селото Долно Ѓуѓанци, светиниколско, бил приведен вчера откако бил агресивен и се заканувал на сопругата во кумановско.

Loading...

– На 24.10.2023 година во 20.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Ј.(53) од село Долно Ѓуѓанци, светиниколско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој во село Кучкарево, кумановско, агресивно се однесувал и ѝ се заканувал на својата сопруга С.Ј.(35).

Т.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги осуди инцидентите од прославата на Денот на албанското знаме

Никола Ивановски