Над 15 пожари имало вчера низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Дури 15 пожари вчера изгаснеле пожарникарите на пошироката територија на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Најголем дел од пожарите биле на запалена сува трева и стрништа.

Утрото на пожарникарите им започна со повторна интервенција на пожарот во селото Шупли Камен кој завчера беснееше цела ноќ. Во период од 07:10 до 09:45 часот интервенирале повторно четворица пожарникари.

Сува трева и стрниште гореле и во селото Пчиња, каде четвторица пожарникари интервенирале од 12:55 до 15:00 часот.

Во селото Никуштак гореле сува трева и стрниште во период од 12:30 до 14:00 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец физички ја нападнал својата сопруга

Кај железничката пруга меѓу селата Љубодраг и Романовце исто така гореле сува трева и стрниште при што тројца пожарникари интервенирале во период од 15:10 до 16:40 часот.

На улицата „Трст“ била опожарена куќа, при што интервенирале тројца пожарникари од 08:20 до 08:45 часот.

Во населбата Карпош, пожарникарите гаснеле сува трева од 11:10 до 11:55, а веднаш потоа сува трева се запалила и во селото Тромеѓа.

Loading...

Сува трева се запалила меѓу селата Шупли Камен и Клечовце при што на терен излегле веднаш седум пожарникари со две противпожарни возила.

Кај месноста Амбар маало исто така гореле сува трева и стрниште, а интервенирале петмина пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оштетени шест возила во Куманово за време на прославата на Денот на албанското знаме

Кај „Пчински пат“, односно на улицата „Народна револуција“ бил запален камион на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Петмина пожарникари го гаснеле возилото од 17:55 до 18:25 часот.

Во вечерните часови сува трева горела во атарот на Агинот село, пти што четворица пожарникари интервенирале во период од 20:05 до 21:50 часот.

Сува трева горела у на улицата „Јоско Илиевски“, при што во период од 19:00 до 20:40 часот интервенирале двајца пожарникари.

И на Спомен Костурница гореле сува трева и стрниште. Двајца пожарникари интервенирале таму од 21:05 до 21:35 часот.

Двајца пожарникари од 23:25 до 01:20 часот утринава гаснеле запалено стрниште во атарот на селото Пчиња.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Промоција на книгата „Координати на болката“ во Куманово

Пожар избувнал утринава и во Агино село поради запалено стрниште. Четворица пожарникари интервенирале од 05:20 до 06:20 часот.

Loading...

Полни раце работа имало и за пожарникарите на ТППЕ Старо Нагоричане. Имале една интревенција, но посериозен пожар кој зафатил сува трева, стрниште, шума и два до три декари лозје.

Пожарот гогаснеле осумина пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане во период од 11:55 до 17:00 часот.

Никола Ивановски