Жирито на 26то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ ги прогласи добитниците на награди од годинешното издание.
За најдобра претстава е избрана претставата „Чекајќи го лекарот“ на Театар Лесковац, Србија.
Најмноу награди собра претставата „Кафез кај Кокони“ на Драмски театар Скопје и тоа за најдобар актер Александар Степанулески, за најдобра споредна улога Бранко Атанасов, додека Раде Василев и Елена Вангеловска за истата претстава ја добија наградата за најдобра костимографија.
Две награди доби претставата „Седумте стола“ на Театар Ловеч од Бугарија и тоа Дамјан Тенев за најдобра режија и Радостина Тодорова за најдобра сценографија.
Наталија Теодосиева од Театар Комедија ја доби наградата „Илуминати“ за најдобра актерка.
Стручното жири беше во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членовите: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски.
Наградите ќе бидат врачени вечерва на последната фестивлска вечер по што ќе биде одиграна претставата „Обвинителка“.
Никола Ивановски