Педесет и двегодишен кумановец физички ја нападнал својата мајка, по што полицијата го лишила од слобода.
Loading...
– На 05.10.2023 во 19.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Н.(52) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, С.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски