Кик-бокс клубот Предатор од Куманово ќе земе учество на Светскиот куп во кик-бокс кој од денеска па до 1ви октомври се одржува во Лидо ди Јесоло во Венеција, Италија.
Данило Методиевски ќе го претставува клубот и градот и ќе се натпреварува во категоријата постар кадет до 63 килограми под менторство на тренерот Јован Крстевски.
– Ќе учествуваат натореварувачи од сите земји од светот. Во категорија на Данило има 11 натпреварувачи и многу конкуренција од актуелни светски шампиони, информираат од клубот.
Оттаму додаваат дека подготовките за натпревар се започнати пред осум недели и се тренираше напорно секој ден по два пати.
Од клубот упатуваат голема благодарност до компаниите „Бучен козјак“, „Фрагмат“, Теретана „Чили Џим“ и Градоначалникот на Општина Куманово за финансиската поддршка за учествување на купот.
Никола Ивановски