Германија ја забрани неонацистичката група „Хамерскинс Германија“, рации низ целата земја

Сподели со своите пријатели

Германската влада ги забрани активностите на неонацистичката група „ Хамерскинс Германија“ и ги пребара домовите на неколку десетици членови на таа група.

Loading...

Германската полиција за време на рациите извршени утринава во 10 сојузни покраини извршила претрес во домовите на 28 членови на таа група.

Засега не се знае дали некој е приведен.

Според германското Министерство за внатрешни работи, „Hammerskins Germany“ е огранок на групата „Hammerskins Nation“, основана во 1988 година во САД, пренесува AP и забележува дека станува збор за група која има „истакната улога на крајно десничарската екстремистичка сцена во Европа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер изјави дека забраната за активностите на групата „ Хамерскинс Германија“ претставува „сериозен удар врз организираниот десничарски екстремизам“.

Таа додаде дека забраната ги опфаќа регионалните ограноци на оваа организација и нејзината подорганизација „Кру 38“.

„Со оваа забрана ставивме крај на нехуманите активности на меѓународно активно неонацистичко здружение во Германија. Ова испраќа јасен сигнал против расизмот и антисемитизмот“, рече Фезер.

Таа додаде дека, пред забраната, германската федерална и државната влада работеле заедно повеќе од една година.

Loading...

Тесно соработувавме и со нашите американски партнери“, изјави Фезер.

Групата „Hammerskins Germany“ брои околу 130 членови во Германија.