Најмалку едно лице е рането рано утринава во напади со руски беспилотни летала врз градот Лавов, во западна Украина.
Loading...
Имаше неколку напади со беспилотни летала од 1 часот и 30 минути синоќа, како и експлозии и минување на тешки возила низ градските улици за време на полициски час.
Властите соопштија дека експлозијата предизвикала пожар во магацин во градот.
Украинското воздухопловство предупреди на нападот, како и дека противвоздушната одбрана дејствува во областа на градот.
Русија често користи беспилотни летала Шахед од иранско производство за да ги нападне украинските градови.