Руската армија одби три напади во јужниот правец на Доњецк

Сподели со своите пријатели

Руската воена група „Исток“ одби три напади на украинските сили во јужниот правец на Доњецк, соопшти шефот на прес-центарот Олег Чехов.

Loading...

Како што рече, украинската армија беше принудена да се повлече откако претрпе загуби во работна сила.

Исто така, беше спречен обид на украинската армија да изврши ротација кај Новодонецк, а во таа прилика беа забележани загуби на украинската армија и во жива и во воена опрема, пренесува Спутник.

Руските артилериски сили ги гаѓаа и позициите на 72. механизирана бригада на украинската армија во Угљедар, при што во таа прилика беа уништени два складишта за муниција како и една сателитска станица „Старлинк“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.