Рускиот претседател Владимир Путин предложи 30 септември да се прогласи за ден на обединување со Русија на Народните републики Доњецк и Луганск и регионите Запорожје и Херсон, украински области под руска контрола.
Loading...
Предлог-законот беше доставен до парламентот и објавен на веб-страницата на руската Дума.
„Денот на приклучување на луѓето од ДНР, ЛНР и регионите Запорожје и Херсон кон Руската Федерација ќе биде 30 септември“, се наведува во документот.
Се претпоставува дека законот, доколку биде усвоен, ќе стапи во сила на денот на неговото официјално објавување, пренесува руската агенција.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.