Полицијата во Куманово викендов напишала вкупно 216 казни поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.
– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 216 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, најголем дел од казните, или 152, биле за возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
43 санкции биле изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола и 5 за нерегистрирано возило.
Сообраќајните контроли, додаваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски