Осмо издание на Малински фото фестивал

Сподели со своите пријатели

Фото клуб Куманово веќе осми пат по ред ќе го одржи познатиот фестивал на уметничка фотографија „Малински фото фестивал“.

Loading...

Програмата која оваа година ќе им биде претставена на Кумановчани, а воедно и на останатите жители од републиката е богата и неизостанува со квалитет, впрочем како и досега.

Проектот е подржан од Општина Куманово а воедно е ставен и во програмата на културни манифестации во Општината, што е од особено значење за клубот и неговото работење.

Фестивалот официјално ќе се отвори во петок на 1-ви септември во 19:00 часот во Занаетчискиот дом во Куманово со отворање на интернационалниот салон на прочуената ГПУ (глобална фотографска унија), каде ќе бидат прикажани 60-тина најдобри фотографии од светски познати и реномирани фотографи. Веднаш потоа ќе се прикажат околу десетина фото презентации (тоа се на некој начин мини документарни приказни склопени од повеќе фотографии) од автори домашни и странски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

(Проекциите се од најразлични автори: Александар Томовски од Скопје, Димитар Ристевски и Мери Бошковска од Прилеп, Македонија, од фотографи од Турција ќе можете да проследите проекции на Фатма Ѓок Салт, Џихан Савран, Нилгун Хоџаоглу и Бир сес вер и Бурак Шенбак, а ќе има и проекција од Иван Стојановиќ, реномиран фотограф од Србија.

Во сабота на 2-ри септември Фестивалот продолжува од раните утрински часови со фото- сафари до Зебрњак, а веќе во 14:00ч. во НУЦК „Трајко Прокопиев“ следуваат две последователни изложби: добро познатата меѓуклупска изложба насловена како „Круг“ и изложбата на ученици. Оваа година членовите од нашиот клуб ФК Куманово имаа можност да си ги „одмерат силите“ со фотофрафското друштво „Јанес Пухар“ од Словенија, кој важи за еден од позначајните и наградувани клубови на Балканот. Фотографиите кои беа испраќани од членовите, беа жирирани од минатогодишниот клуб со кој се натпреваруваше Нашиот клуб, фото клуб „Ванчо Прке“ од Штип. На оваа изложба ќе бидат изложени околу пеесетина примени фотографии и ќе се доделат трофеи за прво, второ, трето место за најдобрите три, како и 3 дипломи за конкуренти за награда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Последователно по оваа изложба во 14:30 часот ќе биде отворена изложбата исто од натпреварувачки характер помеѓу двете најголеми кумановски основни училишта „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“. Во реализација на овие фотографии кои ги направија учениците од фото секцијата водена од менторот Марина Атанасовиќ, беше вклучен скоро целиот клуб. Членовите држеа предавања, фото-сафариа, презентации на учениците, се за нивно покреативно изразување, а чии резултати во дваесетина фотографии ќе можете да ги видите на изложбата.

Во 15:00 часот клубот приреди самостојна изложба на познат грчки фотограф, Пантелис Кронос, во Уметничката галерија во Куманово. Тој со свои пеесет дела ќе ни го претстави неговиот поглед на подводниот свет кој го има блиску до себе.
Клупската изложба „Тумба“ ќе биде отоврена во постоа во 15:30 часот со околу дваесетина фотографии од членовите и курсистите од ФК Куманово, на која традиционално и ќе бидат доделени дипломите за завршен курс на овогодинешните курсисти.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Саботната програма ќе заврши со самостојна изложба на членот од Фото клуб Куманово, Неда Арсениевска во 18:00 часот, во клупските простории. Таму ќе бидат изложени 20 дела од авторката, во тематики кои се за нејзе предизвик, но најчесто со приказ на линии и форми кои не опкружуваат. Дружењето обично тука продолжува до доцните вечерни часови.

Последниот ден трет по ред недела 3-ти септември, Фестивалот продолжува во 9:00 часот наутро во Кратово со фото сафари низ градот и две последователни излоби: изложба во Музејот на град Кратово (во 13:00ч.) на фото групата „Арт тим“ од Параќин, Србија и изложба на интернационалниот салон „Игра“ (Play), која ќе се отвори во 13:30 часот во Домот на културата.