Поголемиот дел од Кенија е без струја веќе 12 часа

Сподели со своите пријатели

Голем дел од Кенија и утринава е без струја, дванаесет часа по необјаснивото исклучување, за кое министерот за транспорт Кипчумба Муркомен им се извини на граѓаните.

Loading...

Синоќа главниот меѓународен аеродром беше затворен поради прекин на струја.

Без струја останаа големите болници, па дури и канцеларијата на претседателот на државата.

„Навистина ми е жал за тоа што се случи. Нема оправдување, нема причина зошто нашиот аеродром е во мрак“, рече министерот Муркомен.

Ова се случи неколку недели пред африканскиот климатски самит, чиј домаќин ќе биде Кенија, а на дневен ред е темата: енергија.

Кенија речиси целата своја енергија ја добива од обновливи извори, но проблемот е инфраструктурата и лошото управување, пишува АП.

Државната компанија Кенија Пауер синоќа во 22 часот соопшти дека дошло до нарушување во системот и дека дошло до „масовно губење на електрична енергија“.

По полноќ беше соопштено дека најверојатно имало неисправност во производниот погон.

Loading...