Кумановец украл златен накит од приватен имот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека украл златен накит од приватен имот во Куманово.

Loading...

– На 22.08.2023 во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека во август оваа година одзел златен накит од приватен имот на ул.„Тане Георгиевски“ во Куманово. С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

Одземеното било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со албанско знаме на грбот, ја откорна таблата на српскиот конзулат во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски