Трамп нема да учествува на дебатите на Републиканците за претседателски кандидат

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неделата потврди дека нема да учествува на дебатите на Републиканската партија во рамки на изборот на претседателскиот кандидат на партијата, од кои првата ќе се одржи во среда.

Loading...

„Јавноста знае кој сум и колку сум успешен како претседател, со енергетска независност, граници и силна војска, најголемо намалување на даноците и прописите, со нула инфлација, најсилната економија во историјата и многу други работи“, изјави Трамп на својата социјална мрежа.

Затоа нема да учествувам во дебатите, рече тој, истакнувајќи дека има 62 отсто поддршка на прелиминарните избори на републиканците, што е 46 процентни поени пред неговиот најсериозен ривал, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.

„Рон Десантис ќе слезе како болна птица“, се потсмеа поранешниот претседател.

Пет месеци пред почетокот на изборите кои ќе одлучуваат за републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД во 2024 година, Доналд Трамп досега има најголема поддршка од својата база.

Но, судските работи фрлаат сенка на неговиот обид да се врати во Белата куќа.

Првата републиканска дебата ќе се одржи во среда во Милвоки, на североистокот на САД.

Условите за учество на дебатите ги исполнија седум кандидати.

Loading...

Тоа се Рон Десантис и гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум, поранешниот потпретседател на Трамп Мајк Пенс, неговата поранешна амбасадорка во ОН Ники Хејли и сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот.

Тука се и претприемачот Вивек Рамасвами и поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, кои моментално се зад фаворитот Рон Десантис во анкетите во Ајова и Њу Хемпшир, првите сојузни држави што гласаа на прелиминарните избори.

Врвот на Републиканската партија му даде рок на Трамп до понеделник да одлучи дали ќе учествува во нив.

„Њујорк тајмс“ во петокот објави дека за време на дебатата во Милвоки, Доналд Трамп ќе даде интервју со Такер Карлсон, поранешен водител на конзервативната „Фокс њуз“, кое ќе се прикажува на Х, поранешен Твитер.

Од неговиот изборен штаб не сакаа да ја потврдат таа информација.