Приведена кумановка барана со потерница

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишна кумановка барана со потерница за издржување затворска казна завчера била приведена од полицијата.

Loading...

– На 13.08.2023 во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.Е.(45) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, таа била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ по член 133 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Никола Ивановски