„Куманово гас“ ја проширува секундарната гасоводна мрежа кај Соколана

Сподели со своите пријатели

„Куманово гас“ интензивно работи на проширување на секундарната дистрибутивна гасоводната мрежа кај „Соколански парк“ Куманово, информираа надлежните од јавното претпријатие.

Loading...

Предвидено е да се изгради 1, 3 километри мрежа од кои еден километар од булеварот „Трета МУБ“ до средното училиште „Наце Буѓони“ и 300 метри кон „Народна Револуција“ до Соколана, каде веќе е поставена мрежата.

– Поставувањето на мрежата на дел од улицата „Народна Револуција“ е со цел да стигнеме до Соколана која ќе се реновира, а ние да бидеме подготвени за приклучок на гас.

Главната цел на овој проект е да стигнеме до средното „Наце Буѓони“, подрачното училиште на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ како и до ученичкиот дом.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

Овие објекти се многу важни за претпријатието кои ќе станат сериозни потрошувачи.

Од друга страна овозможуваме да се заштити животната средина, изјави директорот на ЈП „Куманово гас“, Марко Митровски. Покрај правните субјекти, интерес за приклучок има и од домаќинствата.

Неколку куќи веќе се приклучиле на мрежата, дел од нив се во фаза на изработка на проектна документација.

– Особено интерес има од станарите во колективни згради каде веќе претпријатието изгради мрежа внатре во зградите.

Loading...

Приклучокот за тие станари е едноставен, доаѓаат со имотен лист и лична карта, потпишуваме договор и веднаш приклучуваме, изјави Митровски.

Дел од кумановци ја користат субвенцијата и од општината која изнесува 15. 000 денари и од Министерството за економија која може да биде до 25. 000 денари, не повеќе од 70 проценти од целиот трошок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

– Поедноставена е работата меѓу нас и Министерството за економија. Ги подготвуваме сите документи и за општина Куманово и за Министерството. Новите потрошувачи треба само да ги земат и да аплицираат.

Владата ја субвенционира изработката на проектната документација, не мора граѓаните да направат приклучок во овој момент, можат да подготват проектна и да користат субвенција, а после да се приклучат, кажа Митровски.

Што се однесува до постарите згради, станарите мора да обезбедат согласност од нивните соседи и да се направи проект за целата зграда.

Претпријатието очекува поголем интерес пред почетокот на грејната сезона.

Надлежните најавија средби и состаноци со станарите и ги повикаа кумановци да ги искористат поволностите кои се нудат преку сегашните субвенции со кои можат да се приклучат за само 9. 200 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Во моментов цената на гас е околу 50-тина денари.

Loading...

МИА