СВР Куманово и „Мечки“ ги советуваа мотоциклистите да носат заштитна опрема (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово и Мото клуб „Мечки“ вчеравечер спроведоа превентивна активност насочена кон мотоциклистите во градот.

Loading...

 

 

Наместо да ги казнат, тие ги советуваа возачите на мотори од важноста за носење заштитна опрема и почитување на сообраќајните праила и прописи.

– Целта на оваа превентивна активност е да се даде посебен акцент на младите мотоциклисти и нивните родители за поголемо внимание и грижа кон децата, зголемување на сообраќајната култура. Мотоциклистите да се почитуваат како рамноправни учесници во сообраќајот, но и да се влијае кај самите мотоциклисти да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, изјави Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

 

Loading...

 

Од мото клубот „Мечки“, потенцираат дека освен што е законска обврска, носењето кацига е важно за заштита на самите мотоциклисти.

– Тоа е првично за тој што го вози мотоциклистот, не да рече тука нема полиција јас ќе ја тргнам кацигата и ќе возам. Важно е цело време да биде свесен и да носи кацига. Обично летно време кацигите ги тргаат од глава и на тоа се вадат дека е многу топло. Тие пет минути кога ќе излезат на кратки релации се случуваат несакани работи. Во било кое време, без разлика дали е топло или ладно носете кацига, порача Виктор Михајловски од МК „Мечки“.

 

 

Инаку, на подрачјето на Куманово од почетокот на мај, заклучно јуни биле казнети 407 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем. Казни добиле и 43 лица кои немале возачка дозвола и 12 поради нерегистрирани мотори.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски