По два дена потрага, се уште не е пронајдено телото на дваесет и деветгодишниот Ф.Р. од Никуштак кој влегол да се капе во акумулацијата Глажња и исчезнал.
Нуркачи од Велес и Тетово на Дирекцијата за заштита и спасување, но и три нуркачки тима на САЕ Тигар, вчера цел ден ги пребаруваа водите на Глажња.
Три нуркачки тима од Тигрите ги пребаруваат водите на езерото Глажња на местото на кое исчезнало 30 годишното лице pic.twitter.com/iY63pWWX3P
— Кумановски Муабети (@KuMuabeti) July 31, 2023
Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи, вчера во потрата се вклучила и екипа од пет лица од Косово.
Вчера на терен беше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој истакна дека се пребарува до длабочина од 40 метри, но видливоста е преслаба.
– Со специјална опрема влегуваат до 40 метри длабочина во езерото, притоа да напоменам видливоста е многу мала некои 40 сантиметри што дополнително го отежнува нуркањето и пребарувањето на теренот. Воедно теренот е многу кос и стрмен што исто така дополнително го отежнува пребарувањето, појасни Ангелов.
Во текот на вчерашниот ден според најавите требало да пристигне специјален подводен дрон на Дирекцијата за заштита и спасување.
Во меѓувреме е затворен вентилот на браната од страна на вработените во АД Водостопанство „Кумановско – липковско поле“.
Потрагата по момчето се очекува да започне повторно во секој момент.
Никола Ивановски