Претседателот Пендаровски за 2 Август во Пелинце

Сподели со своите пријатели

Претседателот Стево Пендаровски ќе го предводи чествувањето на државниот празник 2 Август – Ден на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Loading...

Ова денеска го најавија од кабинетот на претседателот, од каде додаваат дека тој ќе го посети и манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Државно-црковната делегација која ќе ја предводи Пендаровски во „Прохор Пчински“ ќе биде пречекана од српскиот претседател Александар Вучиќ, по што претседателите ќе имаат билатерална средба.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти