Loading...
Педесетгодишен кумановец викендов бил физички нападнат, по претходно недоразбирање, во селото Стрновац.
– На 22.07.2023 во 14.15 часот С.М.(50) од Куманово пријавил дека околу 09.00 часот во с.Стрновац, кумановско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски
ПРОЧИТАЈТЕ И: Пожарникарите ќе имаат пункт кај Спомен Костурница, полицијата да ангажира позорникари