Словачката полиција уапси маж од Пежинок, кој во вторникот упатил смртни закани до претседателката Зузана Чапутова, пратениците и нивните семејства, изјави портпаролката на регионот Трнава, Марија Линчесова.
Човекот, кој неколку пати бил осудуван, е осомничен за опасни закани, додаде таа, пренесува агенцијата ТАСР.
Неговото триминутно видео беше објавено на социјалната мрежа.
Полицијата го идентификувала мажот и при апсењето открила 0,5 промили алкохол во неговото тело.
– Сакаме да ги предупредиме корисниците на социјалните мрежи дека дури и во онлајн светот, може да бидете кривично одговорни за информациите што ги споделувате и објавувате. И покрај очигледната анонимност, полицијата е во состојба да идентификува поединец дури и во виртуелниот свет и да го обвини за кривично дело – рече Линчесова.