Италијанскиот кардинал Матео Зупи, кому папата Франциско му ја довери мировната помош за завршување на војната во Украина, ќе го посети Киев во понеделник и вторник, објави Ватикан во соопштението за печатот.
„Ова е иницијатива чија главна цел е детално да ги сослуша украинските власти за можните начини за постигнување праведен мир и да ги поддржи хуманите гестови кои би можеле да помогнат во намалувањето на тензиите“, се вели во соопштението.
Од почетокот на војната во февруари 2022 година, Франциско и Ватикан се обидуваат да се понудат како можни мировни посредници, но до денес нивните напори не вродиле со плод.
Зупи доаѓа од Заедницата на Сант Егидио, група за мир и правда со седиште во Рим која посредуваше во договорот во 1992 година со кој заврши граѓанската војна во Мозамбик во која загинаа околу еден милион луѓе, а околу четири милиони беа раселени.
Папата го прогласи за кардинал во 2019 година, а минатата година беше избран за шеф на италијанската бискупска конференција.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.