Полицијата во Кливленд соопшти дека отворила истрага за убиството на двете бебиња кои беа пронајдени мртви во контејнер.
Како главен осомничен во овој случај полицијата ја приведе мајката тинејџерка.
Како што информираат од полицијата, причината и начинот на смртта се уште не се утврдени.
„Прелиминарните информации укажуваат дека мајката на детето, 16-годишна жена, ги родила бебињата неколку дена претходно“, се вели во полициското соопштение.
Мајката е приведена, бидејќи наводно татко ѝ повикал полиција и рекол дека неговата ќерка која неодамна се породила „ги фрлила бебињата во ѓубре“.
Тој додаде дека таа не ни знаела дека е бремена.
NBC News побара коментар до Канцеларијата на јавниот бранител, но тие одбија да коментираат за случајот.
Инспекторите ќе ги презентираат фактите за овој случај до Обвинителството“, соопшти полицијата на Кливленд.