Голем интерес кај кумановци за воената опрема на АРМ и Армијата на САД (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

На спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово денеска беше прикажана опремата на армиите кои се дел од меѓународната воена вежба „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“).

Loading...

 

 

Огромен интерес имаше кај кумановци, но и жители на други градови, да ги разгледаат возилата на македонската, американската црногорската, албанската и косовската армија.

 

 

Loading...

Граѓаните имаа можност да се запознаат со воените хеликоптери од типот „AH-64 APACHE“,  транспортен хеликоптер „UH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „CH-47“ (Chinook), транспортен медицински хеликоптер „HH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и оклопни возила „JLTV”, Хермелин и „HMMWV“.

 

 

– Тука со нас се и нашите партнери од САД и поголемиот број на летала кои ќе бидат користени за вежбата, популарните апачи, блекхок, чинок и Ми-8 од армијата на Македонија. Дополтениелно и сите оклопни возила кои ќе бидат користени за време на вежбата како од македонската армија така и од армиите учесници на вежбата. Поставени се точките каде може да се види и планинарска, падобранска опрема и во соработка со општината имаме изложба и оркестар кој го збогатува настанот, изјави потполковник Јонче Лазаревски од Армијата на Република Македонија, офицер од примарна одговорност за реализација на вежбата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силниот ветер корнеше дрвја и бандери ноќва низ Куманово (ФОТО)

 

 

Loading...

Вежбата, како што појаснува, Леди Бејта, потполковник од Армијата на САД, се одржува на Криволак, а со цел зближување со цивилното население одлучиле дел од опремата да ја изложат и во Куманово.

– Ова се многу слични настани како што имаме и дома, возбудени сме поради можноста за градење врски со заедницата и зајакнување на меѓународните партнерства. Од мојот батаљон имаме хамви, вооружени возила, антитенковско оружје, возила за извлекување и болнички возила, вели Бејта.

 

 

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски при посета на настанот истакна дека е пресреќен од големиот интерес на граѓаните.

– Пресреќен сум како градоначалник бидејќи гледам дека има голем интерес од кумановци, дури и видов граѓани и од другите градови. Ја поздравувам оваа активност. Општината и во иднина ќе се обиде со наши заинтересирани партнери да организира вакви настани, истакна Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  28-годишен кумановец ја нападнал невенчаната сопруга

 

Loading...

 

За прв пат во Макединија денеска беше прикажано и роботизираното софистицирано возило т.н. PROJECT ORIGIN, кое е во пробна употреба и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии на Армијата на САД.

 

 

Loading...

Настанот е во организација на Армијата на Република Македонија, Абасадата на САД и Општина Куманово.

Вежбата  „Immediate Response 23“ отпочнува утре и ќе биде најголема реализирана вежба во Македонија, оваа година со учество на Армии на 4 НАТО земји и една партнерска земја: Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Националната гарда на Минесота), Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово, со вкупно околу 1.850 учесници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови за мотоцикли, облека, обувки и вино запленети на Табановце

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

Текст/фото: Никола Ивановски