Зеленски патува во Јапонија на самитот на Г7

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски патува во Јапонија на самитот на Г7, кој ќе се одржува до недела.

Loading...

Како што јави утринава агенцијата Франс прес, повикувајќи се на извори во организацијата на самитот во Хирошима, не се знае кога украинскиот претседател ќе пристигне во Јапонија, а не се исклучени и промени во последен момент.

Официјалната програма на Г7 првично предвиде дека Зеленски ќе се приклучи на конференцијата во недела, преку видео врска.

Зеленски штотуку ја заврши турнејата низ неколку европски земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во руските напади оштетена електраната на најголемата украинска енергетска компанија