Секторот за внатрешни работи Куманово најостро ги демантира гласините што се шират помеѓу граѓаните на Општина Куманово за наводни киднапирања, односно обиди за киднапирања на малолетници.
– Ве известуваме дека станува збор за дезинформации, кои имаат за цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните на Куманово. Во СВР Куманово изминатиов период не е регистрирана ниту една пријава за таков настан, а притоа напоменуваме дека полициските службеници секојдневно вршат физичко обезбедување пред училиштата, редовно се реализираат превентивни активности помеѓу основците и средношколците, со цел одржување на јавниот ред и мир, препознавање на социо-девијантните појави, спречување на болестите на зависност и превенирање на насилството, со посебен акцент на меѓуврсничкото насилство, велат од полицијата.
СВР Куманово апелира до граѓаните да останат смирени и да не придонесуваат во ширење паника која може да наштети на сите нас, а особено на најмладите.
Никола Ивановски