Најмалку 12 загинати во најголемиот руски ракетен напад во последните два месеци

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи на Украина Ихор Клименко изјави дека бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз деветкатна станбена зграда во Уман, град кој се наоѓа на околу 200 километри јужно од Киев, се искачи на најмалку 10, а 17 лица се ранети.

Loading...

Руски проектил ја погодил деветкатницата пред зори, додека жителите сè уште спиеле.

Во југоисточниот град Днипро, руските сили погодија куќа со проектил и убија 31-годишна жена и нејзината двегодишна ќерка, објави регионалниот гувернер Серхи Лисак.

Така, бројот на загинати во најголемиот руски ракетен напад врз Украина во изминатите два месеци се искачи на 12.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.