НАСА објави слики со висока резолуција од нашата планета направени од Меѓународната вселенска станица.
Американската вселенска агенција објави 52 минути 4K видео снимки снимени помеѓу март 2022 и март 2023 година за време на 67. и 68. мисија на Меѓународната вселенска станица.
„Луѓето кои биле во орбитата на Земјата имаа единствена можност да ја видат нашата планета од сосема поинаков агол и да кажат дека овој „син мермер“ во вселената изгледа прекрасно и предизвикува стравопочит кога се гледа од височина од 402 километри“, стои во описот на видеото кое го објави НАСА.
Имате можност да видите дали се согласувате со нивното мислење, но и 52 минути да замислите дека сте член на екипажот на Меѓународната вселенска станица кој слободното време го користи да погледне низ прозорецот додека светот буквално им поминува пред очи.