Мигел Дијаз-Канел, 63-годишниот претседател на Куба, доби нов петгодишен мандат како прв човек на оваа карипска земја, а воедно и последен.
Поддршка за Дијаз-Канел, кандидатот на тамошната комунистичка партија, изрази кубанското национално собрание, а актуелниот претседател доби поддршка од 97,66 отсто од претставниците на Националното собрание, објави француската новинска агенција АФП, пренесува Хина.
Дијаз-Канел сега очекува продолжување на тешката работа во земјата која минува низ веројатно најтешката економска криза во последните триесет години, со галопирачка инфлација и постојано растечки бран на емиграција.
Економска криза
На сето тоа влијаеше заострувањето на американското ембарго, но и пандемијата и структурната слабост на домашната економија.
Незадоволството на локалното население е поттикнато од се поголемиот недостиг од храна, лекови и многу други основни животни потреби.
Дијаз-Канел ги наследи Фидел и Раул Кастро на чело на Куба и со тоа стана, по револуцијата, првиот водечки човек на оваа карипска земја надвор од кругот на семејството Кастро.
Дијаз-Канел го слави својот 63 роденден на 20 април.