Денеска на социјалните мрежи се појави ново подолго видео од едно кафуле во Санкт Петербург каде Владлен Татарски (вистинско име Максим Фомин), влијателен руски воен блогер кој се борел во Украина, е убиен со експлозив.
За потсетување, руските безбедносни сили ја уапсија Дарија Трепова, девојката осомничена дека донела статуетка во кафулето, во која наводно имало 200 грама експлозив, за учество во бомбашкиот напад.
На видеото се гледа како Фомин ја повикува Трепова, која наводно статуетката му ја предала на соработничката на Фомин, да седне во негова близина во моментот кога таа почнала да си оди.
Таа го слуша и седнува на стол недалеку од Фомин.
Што може да се види на видеото?
Фомин и Трепова разменуваат неколку зборови непосредно пред експлозијата, што се слуша и на видеото.
Последните зборови на Фомин кон Трепова беа „па, се е за јавноста“.
Трепова потоа ги подава рацете кон Фомин, а потоа со нив го покрива сопственото лице.
Во тој момент се слуша експлозија во која загина рускиот блогер, а повредени се десетици луѓе.
„Таа би требало да биде луда за доброволно да седи толку блиску до епицентарот на неизбежна експлозија“
Новинарот Леонид Рогозин, кој го објави видеото на Твитер, истакнува дека човек ќе мора да „има челична волја“ или „да биде целосно луд“ за доброволно да седи толку блиску до епицентарот на експлозијата за која знае дека неизбежно ќе се случи во неколку моменти.
Рогозин посочува дека Трепова во моментот на експлозијата немала никаков прекинувач или мобилен телефон со кој би можела да ја активира експлозивната направа.
Detailed footage of the bombing attack that killed milblogger Maksim Fomin (Vladlen Tatarsky). It shows Fomin asking the alleged perpetrator, Darya Trepova, to sit down near him. She obliges, remaining a few metres away from the epicentre of explosion. pic.twitter.com/wBJJqglhFF
— Leonid ХВ Ragozin (@leonidragozin) April 4, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.