Превртена во пристаништата на реката Шат ал-Араб во Басра во јужен Ирак, рѓосаната урнатина на јахтата на Садам Хусеин е доказ за неговото железно владеење кое заврши со американската инвазија на Ирак пред две децении.
Јахтата Ал-Мансур, долга 121 метар, била симбол на богатството и моќта на Садам во 1980-тите кога била изградена, а денес е атракција за туристите и неколку рибари кои повремено се качуваат на потонатиот брод за да се одморат и да пијат чај, пренесува CNN.
„Кога беше во сопственост на поранешниот претседател, никој не смееше да се приближи до неа“, вели локалниот рибар Хусеин, кој ужива да го завршува својот напорен работен ден со шолја чај на потонатиот брод.
За време на превирањата што следеа по падот на Садам, јахтата беше ограбена, а беше украдено се од луксузните лустери и мебел до метални делови.
Садам наредил да се изгради јахтата „Ал Мансур“, опремена со хелиодром што може да прими до 200 гости, но тој самиот никогаш не стапнал на неа.
Во 2003 година, американските власти процениле дека Садам и неговото семејство проневериле околу 40 милијарди долари незаконски стекнати добивки.