Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изврши инспекција на руската воена група „Исток“ во областа на јужниот дел на Доњецк во зоната „специјална воена операција“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Шојгу го посетил контролниот пункт на една од формациите, каде го слушнал извештајот на командантот, генерал-полковник Рустам Мурадов и штабните офицери, за моменталната ситуација и дејствијата на војниците, пренесува РИА Новости.
Според извештаите, Шојгу посветил посебно внимание на организацијата на сеопфатна поддршка за трупите, вклучувајќи услови за безбедно распоредување на персоналот, како и работата на медицинските и задните единици.
Шојгу им се заблагодари на војниците за нивната пожртвуваност и херојство и им додели државни награди – ордени и медали, порачувајќи им да се борат достоинствено и дека има уште многу работа.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.