ISW: Вагнер регрутира ново „топовско месо“ меѓу младите во спортските клубови

Сподели со своите пријатели

Злогласената руска приватна воена компанија „Вагнер“ и нејзиниот основач Евгениј Пригожин неодамна почнаа да регрутираат нови борци во руските спортски клубови, објави американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк Институт за проучување на војната (ISW).

Loading...

Да потсетиме, платениците на Вагнер се одговорни за голем дел од руската офанзива на истокот на Украина, а оние кои успеале да побегнат од редовите на Вагнер тврдат дека ги користат борците како „топовско месо“.

Пригожин претходно призна дека регрутирал стотици борци од руските затвори.

Нов Вагнер центар во спортски клубови

Но, вчера тој тврди дека Вагнер основал неодреден број центри за регрутирање во спортските клубови, каде што ќе ја проверуваат физичката подготвеност на потенцијалните платеници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сесија на Генералното собрание на ОН следната недела: 130 лидери ќе разговараат за Газа и Украина

Институтот за воени студии проценува дека овој потег „веројатно претставува проширување на програмите на Вагнер за регрутирање на младите“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.