Финскиот парламент гласаше за членство во НАТО

Сподели со своите пријатели

Во средата, Парламентот на Финска усвои закон со кој се дозволува земјата да стане членка на НАТО.

Loading...

За членство гласаа 184 парламентарци, а против 7. За да стане Финска членка на Алијансата потребна е само согласност од Унгарија и Турција.

Финска, која беше воено неутрална до избувнувањето на војната во Украина, во мај минатата година одлучи да се приклучи на НАТО наместо да се потпира исклучиво на своите вооружени сили во одбраната на границата со Русија долга 1.300 километри.

Со усвојувањето на основачките документи на НАТО, Финска е чекор понапред од Шведска, која исто така поднесе барање за членство, но беше одбиена од Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Русија ќе развие ново оружје благодарение на заробената опрема на НАТО“

Финска се очекува да има парламентарни избори на почетокот на април, а некои аналитичари сметаат дека сака да го заврши пристапниот процес до тој датум.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговата земја е подготвена да ја прими Финска, но дека сепак Шведска ја смета за засолниште на членовите на терористичките групи.

И Финска и Шведска сè уште чекаат одобрение од Унгарија, чиј парламент почна да расправа за ова прашање во средата, а гласањето се очекува до крајот на месецот.