Рускиот аеродром „Пулково“ во Санкт Петербург привремено ги суспендираше сите летови, објавија градските власти на нивниот канал „Телеграм“.
Loading...
Суспензијата траеше нешто повеќе од еден час.
Ројтерс јавува дека голем број домашни летови кои оделе за Санкт Петербург денеска се враќаат назад.
Најмалку пет авиони на пат од главниот град Москва до Санкт Петербург беа вратени назад кон Москва откако првично кружеа во воздух.
Засега не се соопштува причината за прекинот на летовите. Рускиот информативен сајт База објави дека на небото е забележан неидентификуван објект и дека се испратени борбени авиони.