Османи денес пред Хелсиншка комисија во Вашингтон, вчера средби со Шерман и Шоле

Сподели со своите пријатели

Во рамки на својата дводневна посета на Вашингтон, Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, денес ќе настапи пред Хелсиншката комисија во Претставничкиот дом, каде ќе има обраќање на тема „Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023“.

Loading...

Тој во својата презентација ќе се осврне на приоритетите на Програмата на Претседателството на Северна Македонија во 2023 год. меѓу кои најголем фокус е ставен на луѓето на терен во загрозените подрачја, како Украина, Молдавија, Југоисточна Европа, но исто така и на останатите приоритети како борбата против корупцијата, еколошките предизвици, промовирање на човековите права и основните слободи, демократијата итн.

Хелсиншката комисија, инаку е американска владина комисија која ги промовира човековите права, воената безбедност и економската соработка во 57 земји во Европа, Евроазија и Северна Америка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Во рамки на агендата на Османи претходеа и средби со Венди Шерман, Заменик државен секретар на САД, како и со Дерек Шоле, советник на Стејт департментот.

Со Шерман, Османи размени мислења за најприоритетните прашања во однос на работата на ОБСЕ, а разговараше и за други теми кои се важни во ОБСЕ регионот. Воедно, нотирајќи го 15 годишниот јубилеј од воспоставеното стратешкото партнерство со САД, го реафирмираа задоволството од успешниот Стратешки дијалог лансиран минатата година, како значајно унапредување на билатералните односи.

„Проектите и областите договорени во рамки на Стратешкиот дијалог со САД веќе се дел од владината програма за работа, во насока на зајакнување на демократските институции, напредок во владеењето на правото и борбата против корупција“, рече Османи на средбата со Венди Шерман.

На средбата со Дерек Шоле, стана збор за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и САД – Јадранската повелба, а беа разменети мислења и за регионалната динамика и евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

„Благодарни сме за континуираната поддршка од САД за евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Ваквиот чекор претставува значаен влог во зачувувањето на стабилноста и напредокот на целокупниот регион, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици. Остануваме посветени на исполнување на обврската за уставни измени во земјава со цел непречен тек на процесот на преговори со ЕУ.”- истакна Османи

Loading...

Воедно, на средбата беше поздравено сојузништвото во рамки на НАТО, при што беше нагласена поддршката на Украина и украинскиот народ, заемните заложби за зачувување на демократските вредности, како и силна осуда за руската воена агресија.

Дополнително во рамки на својата посета на Вашингтон, Османи оствари средби и со Ерин МекКи, Помошник администраторот на УСАИД за Европа и Евроазија и Ендру Херсковиц, Прв главен директор за развој во Меѓународна финансиска корпорација за развој на САД (DFC).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

Предмет на разговорот со Ерин МекКи беше повторно континуираната политичка и економска поддршка на САД во клучни области на реформите, како што се образованието, правдата, јавната администрација и економијата, но и поддршката на САД преку програмите на УСАИД кои доведоа до зајакнување на демократските процеси, институциите и граѓанското општество.

На средбата со Херсковиц, пак, кој доаѓа од финансиската институција која инвестира во развојни проекти во земјите со пониски и средни приходи, Османи се осврна на можностите за соработка во развојни проекти а кои се дел од Акцискиот план на Стратешкиот дијалог со САД.

Беше изразен интерес за воспоставување поблиска соработка со Американската меѓународна финансиска корпорација за развој (DFC) и разгледување на можноста за идно отворање на регионално претставништво во Северна Македонија.