Четворица загинати во циклонот Фреди на Мадагаскар

Сподели со своите пријатели

Циклонот Фреди, кој го погоди Мадагаскар, уби четири лица, соопшти денеска владата на таа островска држава.

Loading...

Фреди предизвика поплави, корнеше дрвја и носеше покриви од куќи, пренесува Ројтерс.

Поради циклонот раселени се 11.047 лица, поплавени се 2.276 куќи, а уништени се 2.267.

Циклонот, кој во вторникот го погоди југоисточниот дел на Мадагаскар, со удари на ветрови до 180 километри на час, денеска се движеше низ островот кон копното на Африка.

По преминувањето на Мадагаскар, Фреди би можел повторно да се појави во Мозамбик Канал и да се зајакне пред да падне над Мозамбик и можеби Зимбабве.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Зошто го исклучи доводот на гориво?“ Мистериозен разговор на пилотите од индискиот Боинг во кој загинаа 260 луѓе

Невремето би можело да зафати вкупно повеќе од 3,3 милиони луѓе. Фреди стигна на копно на Мадагаскар околу еден месец откако бурата Сенесо уби 33 луѓе во островската држава.