Ќе продолжи ли реконструкцијата на кумановскиот театар?

Сподели со своите пријатели

Дали ќе продолжи реконструкцијата на Театар Куманово или ќе остане раскопан и недовршен е прашање кое се отвори во јавноста деновиве.

Loading...

Актерите од кумановскиот театар преку соопштение велат дека Министерството за култура го прекинало процесот за реконструкција со тоа што во програмата не предвидело пари за третата фаза. Од друга страна директорот вели пари ќе обезбеди владата.

– Сметаме дека Министерството за култура е запознаено со нашиот комплексен проблем од кој зависи животот и иднината на Театар Куманово и бараме сериозно разгледување на ситуацијата и објаснување зошто оваа година не сме во приоритетни инвестиции, како и одговори на прашањето какви се плановите на Министерството за нашиот театар, прашуваат актерите во отворено писмо објавено на социјалните мрежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Завршени повеќе инфраструктурни проекти за училишта во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Наспроти нивното тврдење, Сашо Тодоровски, директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во чии рамки функционира Театар Куманово, вели дека било посочено дека пари за третата фаза ќе обезбеди директно Владата.

– Според последните најави на надлежните реконструкцијата ќе продолжи, по обезбедување на средства од владината програма за капитални инвестиции по предлог на Министерството за култура. Средствата за реконструкцијата на објектот не се вметнати во годишна програма за реализација на манифестации кои ќе се спроведат во НУЦК „Трајко Прокопиев“, вели Тодоровски.

Loading...

Првата фаза од реконструкцијата на објектот започна летото 2021 година, која опфаќаше санација и преадаптација на темелите, гледалиштето, сцената опфаќајќи ги канцелариите, помошните простории, кабините за тон, светло. Втората фаза почна лани во февруари и веќе е завршена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири возила се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, седумина повредени

Дали и кога ќе дојде до третата фаза сега зависи од Владата.

Никола Ивановски