Google претстави конкурент на ChatGPT

Сподели со своите пријатели

Google воведе нов чет-бот наречен Bard, кој на тој начин станува конкурент на AI системот ChatGPT.

Loading...

Сундар Пичаи, извршен директор на Google и матичната компанија Alphabet, рече дека Bard е достапен само за некои поединци кои го тестираат и ќе биде достапен за јавноста во наредните недели.

„ Bard се стреми да го комбинира знаењето со интелигенцијата и креативноста на нашите големи јазични модели. Се потпира на информации од веб за да обезбеди висококвалитетни одговори“, рече Пичаи.

За два месеци откако беше претставен во јавноста, ChatGPT се користи за генерирање есеи, приказни и текстови на песни, како и за одговор на некои од прашањата што претходно можевте да ги пребарувате на Google.

Технологијата што го поддржува Bard постои веќе некое време, иако не е широко достапна за јавноста.

Google го претстави својот јазичен модел пред околу две години.

„ Bard може да се користи за да се планира роденденска забава, да се споредат два филма номинирани за Оскар или да се добијат идеи за ручек врз основа на тоа што има во фрижидерот“, се вели во објавата на Google.

Пичаи, исто така, рече дека алатките што се напојуваат со вештачка интелигенција наскоро ќе почнат да се појавуваат на главниот пребарувач на Google.

Loading...

Ако Google се движи повеќе во насока на вклучување на алатки за разговор со вештачка интелигенција, тоа може да доведе до одредени ризици.

Бидејќи овие алатки се обучени за онлајн податоци, експертите забележаа дека имаат потенцијал да шират дезинформации, пишува Индекс.