Градот Елбистан лоциран на југот на Турција во провинцијата Кахраманмарш исто така беше сериозно оштетен од земјотресот што утринава ја погоди областа на границата со Сирија.
Разорниот земјотрес досега однесе повеќе од 1.500 животи, а повеќе од 6.000 се повредени.
Јачината на земјотресот ја покажуваат и снимката од Елбистан, на која практично ниту една градба не остана недопрена, а оние што не беа уништени претрпеа големи штети.
На видеата што ги снимил еден од минувачите, може да се видат урнатини, а очајни и вознемирени луѓе талкаат по улиците стегајќи ги главите или ги довикуваат најблиските.
Major destruction in Elbistan, Turkey, which is near the epicenter of the new earthquake pic.twitter.com/6AyhENmqro
— Faytuks News Δ (@Faytuks) February 6, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.