Во недела се оддржва велосипедска трка Државно Првенство во Вело Крос дисциплина. Трката се возеше во Љубаништа, Охрид на екстремно ниски температури и силен ветар како што е и карактеристика за дисциплина Вело Крос.
Кумановскиот клуб Вело-М Термалифт брилираше во сите возрасни категории постигнувајќи, 1во место во Јуниори – Немања Пауновски, 2ро место во Јуниори – Валентино Петковски, 1во место во Кадети – Леон Милетиќ и 2ро место во Сениори – Александар Милошевски.
Победниците на трката се стекнуваат со назив Државен првак во Вело Крос и носат посебен дрес со македонско знаме.
Останува уште една трка во купот на Вело Крос а истата е предвидена да се оддржи во Пелинце, Куманово на крајот на месец февруари.