Ова ќе биде новиот министер за одбрана на Украина

Сподели со своите пријатели

Олексеј Резников повеќе нема да биде министер за одбрана на Украина. Како што соопшти синоќа агенцијата АФП, на негово место ќе дојде поранешниот директор на воената разузнавачка агенција Кирило Буданов.

Loading...

Партијата на Володимир Зеленски го потврди разрешувањето

Информацијата за разрешување на Резников, кој беше изложен на притисоци поради корупцискиот скандал во неговото министерство, ја потврди и Давид Арахамиа, претседател на клубот на претставници на партијата Слуга на народот.

„Војната диктира промени во кадровската политика“, напиша Арахамија на Телеграм.

„Времињата и околностите бараат зајакнување и прегрупирање. Ова се случува сега и ќе продолжи да се случува во иднина… Непријателот се подготвува за офанзива. Се подготвуваме да се одбраниме и да го вратиме она што е наше“, додаде Арахамиа.

Украинскиот весник Правда вечерва објави дека партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, слуга на народот, која е и најголема украинска партија, најавила дека на следната собраниска седница ќе гласа за разрешување на Резников.

Тогаш и формално ќе биде прифатено разрешувањето на Резников.

Кој е Кирило Буданов?

Брзиот подем на Буданов во еден од најмладите генерали во историјата на Украина започна во август 2016 година, кога на Крим беше убиен потполковник на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), наводно од украински диверзанти.

Се верувало дека Буданов е еден од украинските специјални оператори кои работеле зад непријателските линии и подоцна бил награден со украински орден за храброст.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Во 2020 година, тогаш само 34 години, тој беше назначен за шеф на Главната управа за разузнавање на Украина (ГУР).

Буданов никогаш не сакал да ја потврди или негира операцијата и неговото учество во неа. „Нешто се случи“, рече тој.

Во 2019 година под неговиот автомобил била поставена бомба, но таа била предвреме активирана. Имало најмалку 10 обиди за негов атентат, тврди лице блиско до Буданов. Буданов живее во неговата канцеларија. Тој ретко излегува во јавност, пишува Вашингтон пост.

Тој и понатаму е цел на Кремљ. По експлозијата на Кримскиот мост во октомври, Москва ги наведе Буданов и другите агенти на ГУР како виновници. Украинските власти, вклучително и Буданов, јавно не ја презедоа одговорноста за нападот на мостот или други напади длабоко во руската територија.

Го предвиде почетокот на инвазијата на Путин за една минута

Буданов ја стави својата кариера на линија еден ден пред почетокот на инвазијата и беше еден од ретките украински функционери кои беа убедени дека Русија се подготвува да нападне и да се обиде да го заземе главниот град Киев.

Тој и неговата сопруга го гледаа часовникот таа ноќ, загрижени дека Буданов наскоро би можел да остане без работа ако работите не се одвиваат како што тој предвидел на скептичното украинско политичко раководство. „Разговаравме дека ако овој напад не се случи, нема да изгледаме многу добро“, рече тој во едно неодамнешно интервју.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

„Конкретно рековме дека ќе започне во 4 часот наутро. Звучи многу чудно, но се плашев дека нема да помине добро“.

Буданов во новата прогноза, која ја даде за Вашингтон пост, вели дека оваа година Русија ќе се фокусира на заземање повеќе територии во источните региони Доњецк и Луганск.

Loading...

Обновената офанзива на неговите сили, стационирани северно од Украина во Белорусија, е малку веројатна, рече тој, и е само обид да се одвлече вниманието и да се подели киевските трупи.

Тој додаде дека „мора да направат се за да се осигураат дека Крим ќе се врати дома до лето“.

„Сè започна на Крим во 2014 година и сè ќе заврши таму“

На прашањето дали мисли дека доаѓањето на украинските војници на Крим, кој Русија го нападна и незаконски го анектираше во 2014 година, може да го поттикне рускиот претседател Владимир Путин да употреби нуклеарно оружје, Буданов рече:

„Тоа не е точно. И Крим ќе ни биде вратен. Да ви кажам – се започна на Крим во 2014 година и се ќе заврши таму. Тоа е тактика за заплашување. Русија е земја од која може да се очекува многу, но тоа не е чист идиотизам. Изведувањето нуклеарен напад ќе резултира не само со воен пораз на Русија, туку и со колапс на Русија. И. тие тоа многу добро го знаат“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Буданов тврди и дека Путин е смртно болен од рак и дека има неколку двојници.

„Отворено е прашање дали ова е сега вистинскиот Путин“, рече Буданов.

„Два напади со дронови во декември врз руската воздухопловна база Енгелс во Саратов, длабоко во Русија, покажаа дека имаме способност да достигнеме многу подалеку отколку што би можеле да очекуваат“, рече Олексеј Данилов, секретар на Управата на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Во интервјуто, Буданов не потврди дека неговите специјални сили стојат зад нападот, но рече дека очекува повеќе и дека Украина има агенти кои работат во Русија.

Loading...

„Ова ги урна нивните илузии за безбедност“, рече Буданов. „Има луѓе кои поставуваат експлозиви. Има дронови. Додека не се врати територијалниот интегритет на Украина, ќе има проблеми во Русија“, додаде тој.

Тој, исто така, посочи дека Кремљ треба да се плаши од соработниците во негова средина.

„Навистина има луѓе со кои е многу лесно да се работи на таа територија, луѓе кои разбираат дека Русија треба да биде поинаква“, додаде тој. „И ние ги поддржуваме таквите луѓе.

„Што е следно? Победа на Украина“, рече тој на крајот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.